
Дескоска од Образование влезе во Правда, први на удар извршителите
После една година како прв човек излезе од вратата на министерството за образование, влезе во правда. Рената Дескоска ја предаде функцијата за да добие нова, онаа на Билен Салији. За новата улога убедува дека е подготвена. Од сите реформи во правосудниот систем кои ги наследува први во нејзиниот тефтер се оние за извршителите. Ќе бидат во насока за намалување на трошоците за граѓаните, но нема да се исполни барањето на граѓаните за враќање на извршителите во судовите.
Досегашниот министер за правда Салији уште пред 3 месеци си поднесе оставка поради случајот за малиот Алмир, ама дури денес си замина оти до сега не му беше констатирана. Овој пат не зборуваше многу, ќе остави другите да коментираат за она што го сторил во правосудните реформи и работата на телото со кое раководеше.
Дескоска најави и обновување на постапката за екстрадицијата на бегалците обвинети во случајот на СЈО Тврдина Горан Грујовски и Никола Бошковски. Ќе чека да ја добие одлуката на Врховниот суд од Грција кој не одобри екстрадиција со образложение дека ти се помилувани од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дескоска и Салији разговарале и за новата зграда на кривичниот суд кај која има низа недостатоци при изградбата и за тоа како да се поправат.
Инаку досегашниот заменик министер за образование Арбер Адеми ја презеде функцијата министер од Дескоска и вети дека ќе продолжи со реформите на средното и високото образование.
Билјана Николовска