Апасиев: Рашковски лажел за двата доктората

Генералниот секретра на Владата, Драги Рашковски, лажел дека поседувал два докторати, обвинува Димитар Апасиев од Левица, преку неговиот Фејсбук профил.

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија лажел дека има ДВА ДОКТОРАТА!

Драги Рашковски, кој на функцијата Генерален секретар на Владата беше избран на 5 јуни 2017, ја излажал јавноста дека поседува ДВА ДОКТОРАТА и овој лажен податок го пласирал во своето официјално CV, кое сè уште стои на владиниот сајт (види линкови во коментари).
Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!?
Според Правилникот на „Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје“ трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години.
Но, нашиот ГенСек уште лани побрзал да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако НИКОГАШ – ни до денешен ден – го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот!, пишува Апасиев на Фејсбук профилот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ