Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ организира протестен митинг пред владата. Ова е прв голем митинг на опозицијата под водство на новиот лидер Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ одлучи своето опозициско протестирање да го почне на годишнината од новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Сметаат дека СДСМ не ги исполни ветувањата за подобар живот и повисоки плати на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува за зголемен јавен долг, неуспешна економија, лошо судство кое не одлучува по закон и за зголемена  корупција. Една година СДСМ- е една година чемер и јад за граѓаните, порачаа од опозицијата и велат дека со вечерашниот протест се борат против „аматеризмот во водењето на  државата и расфрлањето со државните интереси“.

Премиерот Заев им порача дека со внимание ќе ги следи пораките што ќе ги испратат.

„Во нормална демократска, слободна држава, опозицијата е таа која што критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во државата“, вели Заев.

Поради митингот на ВМРО-ДПМНЕ, улицата Илинденска пред влада од синоќа е блокирана, а МВР извести дека денеска од 20 часот за сообраќај ќе биде затворен и мостот Гоце Делчев. Јавниот градски превоз ќе биде пренасочен преку центарот на Скопје, односно преку Рекорд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ