
Попис ќе има во 2020-та година
Ќе започне на први април 2020 ќе трае три недели и ќе се спроведува електронски ова се првичните најавите за попоисот на населението кој се планира да се спорведе по цели 18 години од последниот во 2002 година. Порценките се дека пребројувањето ке чини 8 ипол милиони евра Директорот на заводот за статистика најавува нов комбиниран метод што значи дека ке има и пошиување на терен лице во лице но и со користење на податоци од регистрите за дел од прашањата.
Симовски повотори дека негов личен став е да нема прашања поврзани со етничката и верската припадност бидјеки како што вели тие немаат никаква употребна цел освен полиитчка, но објансува дека дури откако ке се донесе законот за попис ке се знае кои прашања ке ги содржи оваа операција.
Ставот на ВМРО ДМНЕ сметаат е дека е неопходно да се направи попис на населението без одлагање со цел квалитетно планирање на политиките, како и за конструктувен дијалог на меѓуетнички теми. Велат дека оваа тема често се злоупотребувала во јавноста токму од актуелните носители на власта од СДСМ и додека не ја видат содржината на евентуалното предлог од власта за Закон за попис не коментираат каков став би зазеле.
Пописот мора да е статистичка, а не политичка операција, и затоа е потребно да се води строго според методологијата на европската статистичка агенција „Еуростат“ и на ООН, вклучително да се има и механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и биометриска потврда на идентитет на лицата, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од владеачкото мнозинство велат дека се уште не е започнато пишувањето на зкаонот за попис но дека има конкретни разговори и подготовки мегу институциите за оваа операција Артан Груби од ДУИ не ја коментира најавата на директорот на заводот да се иземат прашањата за етничка припадност бидјеки не ја слушнал но очекува дека ке се најде најдобро решение за да се добијат неопходните податоци за државно планирање на политики и кои нема да биде оспорувани од никого.
За оваа статистичка операциј се планира на терен да бидат бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи и околу 1000 контолори и помошен персонал. Директорот на Заводот за статистика Симовски уверува дека ке се почитуваат препораките на ОН и Еуростат. По пропаднатиот полис во 2011 Симовски смета дека нема и ова пребројување да биде неупешно, првенствено затоа што наместо државна пописна комисија, пописот ке го спорведува Заводот за статистика и на тој начин смета дека ке биде исклучно политичкото влијание.
Неуспешниот попис го актуелизираше и СЈО кое врз основа на снимки од бомбите во март отвори истрага за лидерите на ВМРО ДПМНЕ Груевски и на ДУИ Ахмети дека ја злупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 175 милиони денар.
Елена Ивановска Мукоска