
МПЦ еднакво на Охридска Архиепископија
Македонска православна црква останува за домашна употреба. Пред правослвниот свет МПЦ може да се вика Охридска архиепископија е ставот на повеќето владици во Синодот. МПЦ не се окажува од „Македонска“, но е подготвена доколку Вселенската патријаршија го прифати барањето да се преговара за воозобнување за Охридската архиеписокопија единствено под услов за афтокефланост.
„Државата е понапред во признавањето пред светските меѓународни институции отколку црквата затоа ние имаме многу работа до признавањето на статусот на афтокефалност. Повеќето афтокефални цркви се признаени според локацијата на првата и најстарата црква. Националниот предзнак си го додаваат самите држави. Д“, вели Владика Петар.
И, портпаролот на МПЦ Владиката Тимотеј ги поткрепува ваквите тврдења дека Цариград никому не дава афоткефалност под национално име такашто нема одрекување ниту, пак, прифаќање на придавката македонска. Според познавачите на црквата, Македонија има историска шанса да го затвори црковно прашање откако Цариград со соопштение обзнани дека го разгледува барањето од Скопје испратено пред еден месец. Цане Мојановски не е отимист дека српската правослвна црква ќе остане рамнодушна на евентуланата позитивна одлука од ЦАариград да се отворат преговори за афотекфалност под било кој назив.
Српската православна црква засега молчи. Ако Србија ја оспорува смостојноста на МПЦ која од широка автномија стаса до непризнаена афоткефалнсот во редот на православни цркви, сега со ставот на МПЦ дека Охридска архиепископија е прифатливо решение може да се влошат односите со бугарската црква отакко таа прифати да и биде „мајка-црква“ на МПЦ во Цариград, додава Мојановски. И, по три дена коментари од соседна Грција, владата и премиерот Зоран Заев, и МПЦ се оградија дека се барало признавање без Македонска во името на црквата иако во соопштенито од Царгиград објавено на нивната иснтернет страница се наведува дека премиерот побарал црквата да се стави во редот под името Охридска архиеписопкија. До сегшаниот став на Вселенскиот патријарх Вартоломеј е јасен дека “Вселенската патријаршија е мајка на балканските цркви”, а едиснтвено оттаму може да се издаде Томос документ со кој една црква се впишува во каталогот на православни цркви во светот со нејзината афтокефалност.
Павле Беловски