Канада ќе воведе царина за американски стоки
Канада ќе воведе казнени царини во вредност од 16,6 милијарди долари за увоз на редица стоки од САД како одговор на вчерашната одлука на САД за воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто царини за увоз на алуминиум од Канада, Мексико и од Европскатa унија.
„Сакам да бидам јасен дека овие тарифи се целосно неприфатливи. Цели 150 години Канада е најпостојаниот сојузник на САД“, вели канадскиот премиер.
Канадската соодветна мерка ја објави министерката за надворешни работи Кристија Фриланд. Канадските царини влегуваат во сила од 1 јули и ќе бидат на сила додека САД не ги укинат своите царини за Канада.
„Ова е е најсилната трговска акција што Канада ја има преземено во повоената ера. Ова е многу силен одговор, пропорционален одговор и совршено реципрочен. Но навистина сакам да ве уверам и да ги уверам Канаѓаните дека ова е многу силна канадска акција како одговор на многу лоша американска одлука“, тврди Фриланд.
Веднаш по одлуката на САД Европската комисија најави дека денеска ќе покрене правна постапка против во Светската трговска организација. ЕУ смета дека американската одлука не е во согласност со меѓународните правила и затоа ќе ги преземе сите мерки за да го заштити европскиот пазар од штетни последици.
Американскиот претседател прв пат ги најави дополнителните царини во март, но во текот на преговорите направи отстапки за неколку држави, но во преговорите со ЕУ, Канада и Мексико не постигнале никаков напредок.
Игор Трајков