МПЦ-ОА демантира: Не бараме од Вселенската партијаршија да го брише терминот „македонска“

Синодот на МПЦ-ОА ги негира сите информации во јавноста дека од Вселенската патријаршија било побарано признавање на статусот на црквата со бришење на теминот македонска. На иста релација се и информациите од Владата од каде за Телма велат дека е испратена замолница за решавање на долгодишното прашање од страна на премиерот Заев до Вартоломеј и дека не било побарано бришење на зборот македонска.

Како што објваи на својот сајт Влесенската партијаршија се бара македонската црква во канонски поредок да влезе под името Охридска архиепископија. Црковни извори појаснуваат дека во ваквото барање, кое Вселенската патријаршија веќе го стави на разгледување, всушност станува збор за еклисиолошко име, а не име на национална основа. Така на пример, СПЦ во регистарот на Вселенската партијаршија во Цариград е заведена како Пеќка патријаршија, потоа стои – православна црква во Грција, а не грчка црква. Па оттука и согласувањето на портпаролот на МПЦ – ОА, владиката Тимотеј дека е прифатлово името Охридска архиепископија.

Од синодот за Телма велат дека деновиве ќе се координираат и јавно ќе ги објаснат своите позиции во напорите за признавање на статусот на МПЦ од целата православна икумена.

Во соопштенито од вселенската партијархија се вели дека барањето на МПЦ е поткрепено со писмо од премиерот: „поглаварот Вартомеј и светиот синод го разгледа барањето на расколничката црква на Скопје, поткрепено со писмото на премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, кој побара од Цариградската патријаршија да преземе иницијатива за враќање на шизматичката црква во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија“.

 

Ова ја разбранува и грчката јавност. Грчкиот весник Катимерини го објавува барањето на МПЦ и замолницата на Заев и додава дека тој на 10 април имал средба со вселенскиот партијарх Вартоломеј.

Според Катимерини оваа иницијатива е важна бидејќи во ноември мнинатата година МПЦ побара од бугарската црква да и биде мајка црква, што предизвика реакции и негодувања од страна на Вселенската патријаршија и Патријаршијата на Србија.

Ставот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј е јасен дека “Вселенската патријаршија е мајка на балканските цркви”.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ