
Укината пресудата за бегалецот Горан Грујевкси за предметот „Тврдина 2“
Скопска апелаицја ја укината пресудата за бегалецот Горан Грујевкси за предметот „Тврдина 2“ каде доби казна затвор од годинаипол во отсуство, за уништувањето на документацијата поврзана со нелегалното прислушувањето . Од судот за Телма потврдија дека ја укинале пресудата и ја вратиле на повтроно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство. Потврдена условна казна за службеничката од убк која се жалеше на пресудата пресудата е потврдена.
Од обивнителството на Јанева велат – Со потврдувањето на пресудата за вработената во УБК се потврди фактичката состојба и теориијата на обивнението што го застапуваше СЈО.
Неодамна Врховниот суд во Атина ја промени одлуката на Солунскиот суд и ја одби екстрадицијата за разузнувачите Грујевски и Бошковски. Еден од аргументите била аболицијата на Иванов со образложение дека еднаш дадено помилување не може да се повлече. Од македонското министерство за правда велат дека се уште не добиле официјално известување од грчките колеги ниту до сега биле побарани документи за помилувањата на претседателот.
Екс началникот во УБК Грујевски освен во „Тврдина 2“ обвинет е и во „Таргет Тврдина“ за прислушувањето и во „Трезор“ за набавката на опрема за прислушување. Овие два предмети се одлагаат подолго време поради тоа што се чекаше исходот од екстрадицијата. Сега последниот збор го има министерот за правда на Грција.