На рочиштето за „Траекторија“ се слушаа „бомбите“

Гласовите од бомбите за „Траекторија“ се измешаа со звукот од капките на протечениот клима уред кои пагаа во кофа поставена веднаш до вратата од судницата во стариот кривичен суд. Шеесетина од вкупно 300 прислушкувани разговори денеска беа на репртоарот на судењето за кинеските автопатишта каде обвинети се експремиерот Груевски пораншените функционери Пешевски Јанакиевски и Љупчо Георгиевски.

Одбраната и Пешевски бараа неколку снимки да не бидат пуштени пред новинарите за да се заштител државниот интерес. Обвнителката Лиле Стефанова реагираше дека не станува збор за приватни разговори и се сомнева дека целта им е најсуштинските разговори да не ги чуе јавноста. Судијата ги остави за крај кога ќе одлучи дали ке се слушаат зад затворени врати или не.

Во судницата можеа да се разговори за потпишување меморандум, за кредитот од кинеската банка, за изборот на компанија што ке гради автопатот дека дека добиле понуда од 288 милиони евра за автопатото Миладиновци – Штип од кинеска компанија. Во неколку снимки Јанакиевски разговара и со тогашниот амбасадор во Кина, Шамбевски.

За изградбата на автопатите сдсм веке објави снимки во 2015-та година.

Според обвинението Груевски ги потикнал тројцата обвинети екс функционери да ја злоупотребабт службената положба при постапката за избор на компанија што ќе ги гради Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип со што бил оштетен буџетот за 155 милиони евра.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ