За две недели ќе се знае дали тројцата обвинители ќе бидат санкционирани за истрагата од 27-ми април

Јавниот обвинител Љубомир Јовески лично ја покренал дисциплинската постапка против поранешениот прв обвинител на скопското обвинителство Гордана Гешковска, нејзиниот тогашен заменик Јован Цветановски и обвинителот за организиран криминал Златко Биковски. Нема да поднесува кривични пријави, но очекува постапката во јавното обвнителство да расветли дали оваа тројка обвинители правилно постапувале на 27 април или го ситнеле случајот на помали истраги во Основното јавно обвинителство Скопје, посочува Јовески поединечно за медиумите, но не и официјално за јавноста.

„Особено обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, кој е организиран и никако не може да се одвои од истрага за организираниот напад на законодавниот дом, не смеела да се води одвоено и особено не од скопското јавно обвинителство“, вели Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

Дисциплинската постапка заради „пасивност“ во постапувањете која ја обзнани Телма, а ја покренал лично Јовески според него ќе заврши за две недели. Златко Биковски и Јован Цветаноски се недостани за коментар, а Гордана Гешковска вели дека веста ја дознала од медиумите. Не сака да коментира додека не види за какви пропусти ќе биде изведена пред комисија.

„Се информирав од медиумите. Но, за да бидат запазени процедурите ние мораме да бидеме писмено известени од комисијата, со предлогот за поведување на дисциплинска постапка на републичкиот јавен обвинител кој ќе биде доставен до комисијата а потоа во рок од 5 дена да се произнесеме. Дури после овие процедури, комисијата може да носи заклучоци“, кажа обвинителката Гешковска.

Постапката пред дисциплиснка комисија важи само за вработени обвинители затоа Марко Зврлевски тогашниот јавен обвинител не може да биде опфатен со дисциплинска.

Но, Јовески останува на ставот дека за кривична пријава потребни се докази за поголема одговорност во постапувањата. Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог на разрешување.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ