Граѓаните поделени околу работата на новата влада

Граѓаните се поделени за работата на владата во првата година од владеењето. 49 насто се задоволни, додека 47,4% не се задоволни од работата на владата, покажа анкетата на Телма и МЦМС, за една година влада. Целосно задоволни се 16,5 насто, а воопшто не се задоволни 35,4 % од анкетираните.

Според партиска припадност, 11,9 насто од поддржувачите на СДСМ, и 38 запирка четири насто, од поддржувачите на ДУИ, не се задоволни од работата на владата во изминатата година.

Анкетата е направена на илјада 52 испитаници, телефонски, во периодот од 15 до 23 мај.

Анкетираните одговараа и на прашањата дали влдата на Заев ја движи земјата во позитивна или во негативна насока, кои се приоритетите на владата, а што граѓаните сакаат да работи, кои се најдобрите и најлошите министерства.

Резултатите од анкетата, гледајте ги вечерва во Топ Тема од 19 и 15.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ