Кои се проблемите на тетовските земјоделци?

Маки Вејсели од тетовско Џепчиште 10 години обработува околу 40 декари земја. Вели дека од година во година оваа дејност е се понепродуктивна, но откако останал без работа како што истакна, е принуден да се занимава со земјоделие како единствена алтернатива за преживување.  Најголем проблем е пласманот, но и трошоците кои ги имам за производство, рече Вејсели.

Поради ваквата состојба по нивите низ тетовско, ретко може да се забележи земјоделец. Дел од земјоделската површина воопшто не се обработува, дел веќе се пренаменува во градежна парцела.

Од Агенцијата за поттик на развој на земјоделието, велат дека постојат начини оваа дејност да биде подоходовна, но потребен е поорганизиран пристап на земјоделците.Оттаму како најголем проблем, ја посочуваат расцепканоста на нивите кои ги поседуваат земјоделците, кои како во регионот и западот треба да ги обработуваат производите на една парцела, со цел да се намалат трошоците.

Затоа е потребно да се изврши консолидација на земјоделската површина преку размена на нивите помеѓу сопствениците, или пак тоа државата да го направи, но по претходна иницијатива на селаните или месните заедници.

Од Агенцијата посочуваат дека земјоделците мора да го следат трендот во оваа дејност, и да започнат на своите ниви да воведуваат нови технологии, а традиционалните култури да ги заменат со нови, кои се поисплатливи за одгледување, и се барани на пазарот, каде достигнуваат високи цени.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ