Најдено мртво 21-годишно момче во нива

Тело на 21-годишно момче од гостиварското село Вруток е најдено вчеравечер во нива во близина на бензинската станица С-петрол во Гостивар.

Идентитетот на починатиот е утврден с проверка и полицијата соопшти дека станува збор за 21-годишниот И.А. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.

Првичните наоди се дека немало знаци на насилство, но по обдукцијата обвинителството ќе утврди дали станува збор за насилна смрт.

М.С.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ