Тетово зависно од лекови – Фармацевтите предупредуваат

Македонските граѓани поради неконтролираната и големата употреба на лекови, се почесто стануваат резистентни кон поголема група на медикаменти.

Голем дел од тетовци, потврдија дека користат лекови во големи дози, а поради немарност си земаат дури и антибиотици на своја рака, кои повеќе и не им делуваат.

Фармацевтите, вината ја гледаат и во аптеките во Тетово па и во цела држава, кои спротивно на законот издаваат лекови без рецепти.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека неделувањето на лекот или антимикробната резистентност е глобален проблем, каде пациентите умираат и од најбални инфекции, затоа што лекот повеќе не им делува.

Но, македонските граѓани ова треба посебно да ги загрижува.  Податоците говорат дека нашата држава е меѓу првите по употребата на лекови во Европа, пракса која доведува до отпорност на бактериите кон медикаментите.

На годишно ниво поради антимикробна резистетност во светот умираат околу 700.000 жители, а предвидувањата се дека до 2050 година ќе страдаат и над 10 милиони жители.

За да се намалат последиците, Светската здравствена организација има донесено глобален план, кој во себе содржи едукација на пациентите но и на здравствените работници, околу употребата и препишувањето на лекови, кампањи, но и  иновативни методи како почеста употреба на бакар и сребро, кои се докажани антибактериски средства.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ