Гоце Ангеличин Жура: Јубилејот од 1000 години нема ништо со Охридската Архиепископија

Со молебен и свечена академија на која ќе присуствува државниот врвг, во Охрид утре ќе биде одбележан големиот јубилеј 1000 години постоење на Охридската Архиепископија. Дел од научната јавност смета дека прославата не соодветствува со историските факти и со тоа ги доведува во прашање постоењето на Самоиловата држава и наследството од Јустинијана Прима.

– Јубилејот 1000 години Охридска архиепископија кој се слави оваа година нема ништо заедничко со Охридската Архиепископија, тврди познатиот историчар на уметност и научен истражувач Гоце Ангеличин Жура.

Повикувајќи се на бројни објавени научни трудови на експерти, но и на црковни великодостојници, Жура укажува дека Охридската црква била самостојна многу пред 1018 година и дека во времето на Самуил таа била патријаршија, без што тој не можел да биде крунисан во цар, а корените ги влече неколку векови порано, што е забележано и во првата научна енциклопедина издадена од МАНУ.

Според  Жура кој веќе десет години работи на мапирање на најзначајните сакрални објекти во Охрид од предиодот на антиката до денеск, негирањето на научнните факти за Охридката архиепикоскопија претставува искривување и негирање на сопствената историја.

Со молебен и свечена академија во цркавата Св. Софија, на која ќе присуствува државниот врв МПЦ утре ќе го одбележи јубилејот 1000 годи од постоењето на Охридската архиепископија.

Горан Момировски

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ