
Груевски пред септември не може да оди на извршување на затворска казна
Поранешниот премиер Никола Груевски пред септември не може да оди во затворот Идризово на издржување на двегодишната затворска казна. Судот најдоцна за 60 дена мора нему и на останатите странки писмено мора им ја испорача пресдуата. Оттогаш врви рок од 8 дена Груевски, да поднесе жалба до Апалациониот суд. Заради колективниот одмор во судовите дури на есен Апелација на јавна седница ќе пресече дали Груевски ќе оди на издржување на казната во Идризово или не.
Коментарите во јавноста дека осуденик се остава на слобода не се точни тврди адвокатот Асмир Алиспахиќ, бидејќи додека повиоскиот суд не ја потврди одлуката по жалба, тие лица се слободни, особено ако се има предвид дека специјалното обвинителство не побара мерка за претпазливост – притвор.
Двете пресуди по обвиненија на СЈО експертската јавност ги дочека на нозе, а дел потврдуваат дека се очекувани, бидејќи стана пракса во Македонија политичарите да се соочуваат со кривично гонење. Високите затворски казни во случаите „Триста“ и „Тенк“ соодвестуваат со сторените кривични дела, додава Гордана Силјановска во вчерашното гостување на Телма телвизија.
Нови 15 до 20 години затвор доколку судот го прогласи за виновен му ја загрозуваат слободата на претходниот премиер Груевски за 4 обвиненија од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Веста за Груевски од судот од синоќа ги преплави странските пишани и елктронските медиуми, додека партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно засстана во негова одбрана, и вели дека судот не е заинтересиран ниту за докази, ниту за факти, ниту за аргументи. Правната држава не постои, а пресудите се политички обвинувајќи премиерот Зоран Заев за мешање во судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Павле Беловски