
Хаки Азири: Тепан и малтретиран ме однесоа кај „Радникот“ да потпишам изјава
„Со нов идентитет за мене и сопругата ми ја ветуваа Холандија како дом. Ми укажуваа дека и судијата и обвинителот се „нивни“. Потпишав изјава дека се согласувам со исказите дадени веднаш по апсењето, бидејќи бев тепан, уценувам и малтретиран цела недела“, рече петотобвинетиот Хаки Азири во најновата изјава на повтореното роочиште, отфрлајќи ги двата искази дадени како заштитен сведок во 2012-та пред истражен судија.
На прашање кој го навел да кажува детали од убистовото Азири, на слика од мобилниот телефон на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, го препозна тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодорвски викан Радникот, што пак и отвори можност на одбраната да го повика како сведок уште наредниот месец.
Тврдењата дека бил присилен да прифаќа и да кажува работи, Фетаи се обиде да ги отфрли со видео снимка од неговиот распит, ден по апсењето каде што тој зборува смирено пред судија во присуство на истиот адвокат. Азири не може со точност да каже како во неговиот тогашен исказ се нашла реченицата„Убивме човек“ која ја изговорил обвинетиот, Агим Симаиловиќ. Но, за денешните одговори е подготвен да оди и на детектор за лаги, за што беше предизвикан од Фетаи.
Првиот дел од повтореното судење за убистовото на момчињата и рибарот кај Смилковското езеро заврши со сослушувањето на последниот обвинет Сами Љута. Во јуни ќе се сослушуваат сведоци и ќе се гледаат доакзи. Салата во која тимот специјални обвинители ги испрашуваа обвинетите беше искористена и за изрекувањето на пресудата на поранешниот премиер обвинет од СЈО, кој, пак, на влегување се ракуваше со роднините на убиените момчиња.
Павле Беловски