
Алијанса за Албанците против предлогот Република Илинденска Македонија
Алијанса за Албанците против предлогот Република Илинденска Македонија. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците.
Оваа партија по вчера одржаното Централно претседателство го потврди својот став дека е против која било тенденција да се славизира во која било форма името на државата. Во врска со информацијата лиферувана во јавноста околу новото име на државата, Алијансата за Албанците констатира дека ова именување е „тежок удар врз секуларниот карактер на државата како една од основите на либералната демократија”, се наведува во соопштението, кое го пренесува агенцијата ИНА.
Претседателството на оваа партија исто така ги поддржува напорите на меѓународниот фактор и на владата за решавање еднаш засекогаш на спорот со Грција околу името на државата.