
Митко Пешов и Душко Лазаров од МВР остануваат во притвор, за актерот Владо Јовановски продолжен домашниот притвор
Од Апелациониот суд ги потврдија притворските мерки за обвинетите за крвавиот четврток, екс-началникот на Одделот за специјални полициски единици Митко Пешов и за Игор Југ.
На Пешов не му е прифатена гаранцијата во имот, додека барањето на Игор Југ за укинување на притворот е отфрлено.
Апелациониот суд ја преиначи и одлуката со која првостепено му беше укинат притворот на Душко Лазаров, дежурен во оперативниот штаб на МВР на 27-ми април 2017-та. Лазаров останува во притвор и гаранцијата му е отфрлена, одлучил апелациониот суд.
Второстепениот суд ја отфрлил жалбата и на Владо Јовановски, актер и еден од организаторите на платформата За заедничка Македонија, по чии протести се случи упадот во Собранието и крвавиот четврток. Јовановски останува во домашен притвор.