ЖРК Вардар лесно до шесттата титула во Купот

ЖРК Вардар со нова титула шестта во Куп на Македонија ја заврши сезоната и стана вториот тим во историјата на женскиот ракомет што пет пати по ред го освојувал во ова натпреварување.

„Црвено црните со 10 ракометарки без интернационалките го совлада во финалето Металург со убедливи 46:24 и повторно ја оправда улогата фаворит.

Андреа Кликовац беше најефикасна со 12 голови, пред Саздовска со девет и Ристовска со осум голови.

Покрај пехарот и златните медали, сите три индивидуални награди ги добија ракометарките на Вардар. Јована Мицевска е најдобар голман, Теодора Керамичиева најдобар стрелец, а Сара Ристовска е најдобар играч.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ