ДУИ го поддржува предлогот Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ

ДУИ го поддржува предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на НБРМ. Високи партиски извори од најголемата партија на Албанците за „Телма“ информираат дека за нив не е пречка Анита Ангеловска Бежоска да застане на челната позиција на најважната финансиска институција во земјава што значи дека ДУИ се откажува од предлогот во гувернерското столче да седне Фатмир Бесими.

СДСМ експресно даде јасна поддршка за Бежоска а тоа според очекувањата на координатотрот Томислав Тунтев ќе биде потврдено и на утрешната координативна средба. Опозициската ВМРО ДПМНЕ чиј фаворит беше актуелниот гувернер Димитар Богов пак сеуште молчи и не открива кој ќе биде нивниот став по однос на ова прашање.Целото внимание сега е завртено кон парламентот кој утре треба да одржи седница но оваа точка засега не е ставена на дневен ред.

Дел од експертите сугерираат да се искористи последната шанса и да не се остави НБРМ ниту еден ден да остане без гувернер. Во спортивно велат тие земјата ќе се најде во недозволив вакуум период во кој оваа значајна финансиска институција нема да може да функционира бидејки вицегувернерите не може да ги супституираат функциите на гувернерот. Професорот Никола Поповски пак смета дека изборот е извесен и да не се стравува доколку тоа потрае неколку дена.

„НБРМ не може без гувернер, ако не се избере утре не е страшно, и да нема 4 дена, има кој да ги врши функциите.Неколку дена не значат ништо, влегуваме во извесни води, НБРМ не зависи само од гувернерот“, вели Поповски.

За да помине предлогот нов гувернер на Централната Банка да биде Анита Ангелоска Бежоска “за” треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Таа како предлог уследи откако Богов кој иако претходно беше предложен за втор мандат од страна на Иванов ја повлече кандидатурата под влијание на како што кажа реакциите во јавноста и роковите за гувернер

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ