Владата не се откажува од „Република Илинденска Македонија“

Владата не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија. Очекува подршка од Грција затоа што се работи за име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни.Разговорите ќе се интензивираат во перидот кој следи се до дефинитивно решение за 25 годишниот спор.

,, Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави,, се вели во соопштението од Владата.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска смета дека Република Илинденска Македонија претставува одлична база за решение кое требаше да се преточи во договор подготвен и од страна на медијаторот Метју Нимиц.Во однос на коментарите дека сега веќе нема да има повлекување од ,, ерга омнес,,Шекеринска вели дека сме врзани со пакет решение кое не не може да се дели.

Во наредните денови ќе заседаваат и највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ каде ќе се дискутира за понудениот предлог. Не се согласуват со измени на уставот.

Предлогот Република Илинденска Македонија е неприфатлив и за Алијансата на Албанците и Крилото на Беса на Касами.

Пакетот нуди име за севкупна употреба, уставни измени,јазикот останува македонски како и кодовите МК и МКД. Предлогот би бил ставен на референдумско изјаснување.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ