
Утре пресуда за „Поткуп“, во среда за случајот „Тенк“
Недела на пресуди во Кривичниот суд. Актуелниот и поранешниот премиер Груевски и Заев ке ги слушнат пресудите за „Поткуп“ и „Тенк“.
Во понеделник ќе биде обајвена пресудата за случајот „Поткуп“. На последното рочиште обивнителката Валентина Бислимовска побара судот да го прогласи Заев за виновен но ја промени правната квалификација од примање потуп, во барање поткуп, за што следува пониска казна од една до пет години затвор. Поради ова, отпаѓаат како доказ посебните истражни мерки констатираше судијата Дарко Тодоровски. Прекфалификацијата беше и причина од предметот да излезе вториот судија Добрила Кацарска, па пресудата ке ја соопшти Тодоровски како судија поединец.Одбраната на Заев побара ослободителна пресуда со обралзожение дека се докажало дека случајот е монтиран од претходната власт со цел да се спречи објавувањето на бомбите.
Во среда е закажана објавата на пресудата за луксузниот блиндиран мерцедес од 600 илјади евра. За делото примање награда за противзаконито влијание за кое одговара Груевски е предвидена затворска казна од 1 до 3 години. Обивнителите од СЈО очекуваат во овие рамки судиите да го осудат Груевски. Рекоа дека набавката на мерцедесот била лична желба и хир на експремиерот купена со буџетски пари. Груевски рече дека не фаворизирал ниту една фирма, обвини за фабрикуван предмет без докази.
За ексминистерката Јанкуловска која е обвинета за овој случај постапката беше издвоена поради ризична бременост и неа дополнитлено ке и се судт. Ѓоко Поповски екс помошник министер за јавни набавки во МВР одговара за злоупотреба на лсужбената положба а е обивнет и во предметот Триста на СЈО за набавката на триста возила за мвр за што пресудата ке биде соопштена во вторник.