Мицкоски: Mи се допаѓа името Република Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје.

„Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, за сериозни теми сакам да располагам со сериозни информации. Не би сакал да претпоставувам, ниту да одговарам на хипотетички прашања. Гледаме оптимизам, песимизам, и од грчка и од македонска страна прилична какафонија, така да ја почекаме лерската средба и ќе добиете одговори. Лично мене ми се допаѓа Република Македонија“, рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во врска со дијалогот од процесот „Жан Моне“ рече дека токму на нивна иницијатива и активностите на партиското раководство во Брисел наместо во Париз се одржува во Охрид.

„Тука сум поканет на завршната вечера, очекувам од моите соговорници да разберам што е постигнато за време на работниот дел од процесот“, рече Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ