Екс разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски од понеделник слободни ќе се шетаат во Грција

Грчкиот Врховен суд го одби барањето на македонскотo Mинистерство за правда за екстрадиција за екс разузнавачите Горан Грујоски и Никола Бошковски. Остануваат во Грција и излегуваат од притвор.

Началникот на петтата управа Грујоски котираше на високо 7-мо место на аболицирани кај претседателот Иванов зад тогашниот премиер во оставка Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков во околности кога јавно не беше соопштено од СЈО за што се гони Грујоски. Колегата Бошковски е 46-то помилувано лице, одлуки по кои избувнаа масовни протести, а Иванов ја повлече одлуката и тие, и дел останатите станаа обвинети од тимот обвинители на Јанева.

Одлуката на Врховниот суд е спротивна од одлуката на понискиот суд во Солун кој одлучи да се екстрадира бегалското дуо агенти. Грујоски и Бошковски станаа познати откако беа уапсени како Христо Атанасов и Неџби Хасан, лажни бугарски пасoши за што чекаат судот во Солун да почне да им суди. До тогаш со амин на Врховниот ќе се шетаат слободни низ Грција, тие остануваат на грчка Територија.

Бегалското дуо одбива да се врати во земјава бидејќи против нив се водел политички прогон и не се чувствувале безбедни, ќе кажат во третата постапка пред судовите во која побараа политички азил во Грција.

Во Македонија,  Грујевски и Бошковски се обвинети во случајот „Таргет – Тврдина“, дека прислушувале над 20 илјади граѓани. Сега Министерството за правда останува да каже како ќе ги обезбеди двајцата обвиенти пред судските органи во земјава, а судот на наредното рочиште треба да одлучи дали ќе го раздвои случајот „Таргет-Тврдина“ и ќе води одвоена постапка против Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловски и Тони Јакимовски, поранешни челници во МВР.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ