Прославата на Бадник во тетовско започна од Мала Речица

Прославата на Бадник во тетовско и оваа година, како што налага традицијата, започна во манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија во Мала Речица. Се осветија бадникарските гранчиња, се изврши мал водосвет, не изостана посната трпеза и топлата ракија. Повозрасните жители се радуваат што традицијата на празнување која започнала во Мала Речица а се пренела и во останатите цркви и манастири во Тетово и околината се возобновуава, по опожарувањето на овој манастирски комплекс во 2001 година.

Манастирскиот комплекс пред осум години започна да се обновува. Целосно е изградена црквата конаците и неколку пропратни објекти. Мината година ова духовно светилиште беше осветено.

И годинава бадникарскиот оган во Мала речица не беше запален, откако лани МПЦ упати апел да не се палат огнови на денешниот празник.

Во Тетово пак по повод празникот, се одржа бадникова литија, на која учествуваа најмладите, кои заедно ја пееја песната вечниот бог

Вечерва  се пали бадникарски оган во сите тетовски мала а на полноќ започнува традиционалниот бадникарски маскенбал.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ