Вечниот владин партнер Амди Бајрам

Влегувањето на Амди Бајрам во Владата ја разбранува целата јавност, но и владината коалиција. Постојаниот партнер на СДСМ, Партијата за целосна еманципација на Ромите, смета дека е апсурд да се коалицира со партија која правела малверзации и со човек кој има криминално досие.

Говорите и постапките на Амди Бајрам за време на децениското коалицирање со ВМРО ДПМНЕ се уште се паметат. Секоја година почесни гости на изборот на ромска убавица беа високи функционери на неговиот коалициски партнер, па и самиот лидер.

Ако ова може да се смета за забава, некои изјави може да се сметаат за клевети и навреди лично за сегашниот премиер.

Бајрам не штедеше навреди и за симпатизерите на шарената револуција.

А за неговите дела, поврзани со изборни измами, се говори и во бомбите што ги пушташе самиот Заев. За слични дела некои личности веќе се на обвинителна клупа или понесоа морална и политичка одговорност.

Владините портпароли Хоџа и Бошњаковски велат дека тие известуваат за активностите на Владата, но не и за преговорите мешу владините партнери.

Вчера премиерот Заев ја изненади јавноста со информацијата дека, покрај БЕСА и ДПА, во Владата влегува и Сојузот на Ромите. Партијата ќе партиципира во пониските ешалони на власта.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ