Се распаѓа објектот на скопската градска болница

Пред две години е завршена кровната реконструкција, со надеж дека нема повеќе да лие вода. Задоволството траело кратко, до првиот посилен дожд. Новиот крв попуштил. А, Телма дојде да праша зошто ?

Освен што водата се собира во кофи кога ќе заврне се поместуваат и пациентите со се креветите. Најпогодено е одделението за трауматологија каде што сите пациенти се оперирани, а повеќето неподвижни. Влагата ја нагризала и електричната инсталација.

Кровот е изработен од лим, а овие одводи биле додадени отпосле. Вработените се сомневаат дека фирмата изведувач заборавила да ги постави навреме. Друга фирма изградила лежиште за лифт, но бетонската конструкција е искривена, а лифтот никогаш не е поставен. Телма телевизија зачекори на темната страна на објектот на скопската градска болница изграден пред 80 години.

Случајно станал и останал болничка зграда, а оттогаш му пркоси на времето. Министерството за здравство се уште бара решение како да го санира кровот, бидејќи болницата нема пари.  Пред две години поранешниот министер за здравство Никола Тодоров најави и целосна реконструкција на болницата.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ