
Предметите за полициска тортура стигнуваа до Стразбур
Случајот Ел Масри и малтретирањето на Хајрулаху се дел од примерите за неказнивоста на полицајциската бруталност за што со години се алармира во пресудите на Европскиот суд за човекови права, посочуваат експертите. Предметите за полициска тортура стигнуваа до Стразбур поради неефикасна истрага на обвинителството вели поранешниот владин агент кој ја застапуваше Макеоднија пред судот во Стразбур Костадин Богданов. Кога граѓанинот ке пријави дека бил физички малтретиран од полицаец најчесто истрагата на обивнителството се сведувала на тоа што обвинителот барал информација од мвр а од тмау им одговарале декаполицаецот не ги пречекорил овластувања и не употребил пркеумерна сила и со тоа се затворала истрагата или пак стоеле во фиока . Во некои случаеви немало одговор од полицијата дури не застари делото, објаснува Богданов
Анализата на пресуди од стразбур ја наметнала потребата од надворешен и независен механизам за контрола на полицијата поради што владата пред крајот на годината усвои законски измени со кои ќе се формирањето на специјализирани одделенија во обивнителството за организиран криминал и кривичниот суд за полициска тортура и други злоупотреби на овластените лица. Ова е чекор кон професионализација на судиите и обивнитлеите кои ке постпауваат само вакви предмети смета Богданов
Се очекува дека ке престане и праксата на полицијата да поднесува контра кривична пријава против граѓаните кои пријавуваат полициска тортура со образложение дека давале отпор при периведувањето.
Елена Ивановска Муковска