Се бараат законски измени за ставање на крај на фаворизирање на еден родител по развод

Детето ми го украдоа пред очи и однесоа во странство, јас бев беспомошен а државата немаше механизам да го спречи ова. Помоќниот во разводот политички и економски доби право да го има моето дете. Ова беа две потресни сведочења на родители во два развода во собраниската сала каде се одвиваше дебатата за заедничко старателство. Во првиот случај девојче веќе 9 години е во Србија и се нема видено со својот татко, во вториот исто така девојче само четири дена во месецот може да ја има својата мајка покрај себе.

Иницијативата за заедничко родителстов бара промена на актуелниот закон со кој се фаворизира само еден родител по разводот. Смета дека е застарен и дека не смее да биде право на центрите за социјални грижи без никакви законски норми да одлучува за детските судбини.

Организациите за детски права ја поддржаа иницијативата бидејќи досегашната пракса покажала многу опасности за децата кои биле жртва на разводот на родителит и институциите кои ги воделе.

Од Иницијативата очекуваат едногласна поддршка од партиите за на измена на Законот за семејство. Истакнаа дека нивно барање е надпартиско и е од интерес на сите деца.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ