Ахмети ќе одлучува за реконструкцијата на владата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети сам ќе одлучува кои министри ќе останат во владиниот кабинет а кои ќе си одат. Централното претседателство му дало одврзани раце за преговорите со Премиерот Заев околу најавената реконструкција и можноста за проширување на парламентарното мнозинство. Дебатата била конструктивна, некои министри добиле критики, некои пофалби, но не било одлучено кои ќе треба да си заминат. Се дискутирало и за министерствата за правда и за образование и можноста за трампа на секторите, но дискреционото право за одлучување му било дадено на Ахмети.

Груби вели дека се шпекулации наводите дека во пресрет на одржувањето на конгресот на партијата Ахмети ќе се повлече од претседателската функција . Тој ќе побара уште еден мандат.Во јуни ќе се одржи Централниот  совет како највисоко тело меѓу двата конгреса по што ќе следат промени во општинските ограноци. Ќе го почитуваат изборот на Заев за проширување на парламентарното мнозинство и покрај незадоволството од фактот што како коалициски партнер не биле вклучени во процесот.

Премиерот Заев најавуваше дека реконструкцијата на Владата ќе се случи во мај. Преговараше со двете крила на Беса, но во меѓувреме Касами ги прекина разговорите со образложение дека не сакаат да бидат заложници на техничките калкулации на парламентарното  мнозинство. Фракцијата на Африм Гаши која има тројца пратеници најверојатно ќе стане дел од новиот владин кабинет а се преговара и со дел од коалициските партнери на Вмро Дпмне.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ