Македонија не успева да ги задржи младите талентирани кадри во земјата

Македонија нема официјални податоци за одливот на мозоци, односно високообразoван кадар кој по завршувањето на образованието заминува во еден правец барајќи подобра иднина. Според проценките на Светска Банка надвор од Македонија работат повеќе од  29 проценти од високообразованите поединци. Феноменот “потенцијална миграција” го илустрираат и поразителните бројќи од   Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на висообразовани кадри 2013 – 2020 година, според која речиси 80 процент од студентите од завршните години на техничките факултети планираат да заминат од државата. Високообразованите млади кадри најчесто заминуваат  поради повеќе причини.

Министерката за образование Рената Дескоска вели дека Владата е свесна дека иселувањето на младите е еден од најзагрижувачките процеси кои се случувале во изминатите години. Поради тоа, Министерството за образование презема конкретни чекори кои ќе придонесат да се намалат последиците од “белата чума” и потенцијалната миграција.

Изминатиов викенд во Охрид и Скопје, 30 млади од земјите од западен Балкан дебатираа и бараа решенија како  како младите да останат во овие држави и да ја градат својата иднина дома.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ