Инцидент со Митко Чавков во кафеана во струмичко

44 годишен струмичанец пријавил во полиција дека во кафеана го нападнале четири лица коишто биле заедно со екс министерот Чавков. Инцидентот се случил вчера попладне околу 18 часот во кафеана на влезот во село Колешино.

Нападнатиот маж изјавил дека седел со двајца свои пријатели и во моментот кога извадиле телефон да се сликаат, четворицата коишто биле на соседната маса со Чавков, станале и му се нафрлиле да го тепаат. Му го одзеле телефонот и го удирале во пределот на грбот и главата барајќи да ја каже лозинката на телефонот.

Според извештајот од МВР, по кратко време од летната тераса го внеле во затворениот дел од кафеаната кадешто продолжиле со заканите и ударите. Кога им ја дал лозинката го пуштиле надвор, а потоа си заминале. 44 годишниот маж со иницијали В.С. во полиција тврдел дека пред да си отидат ексминистерот му се приближил и го прашал што има против него.

МВР информира дека се истражува случајот и се превземаат мерки за негово расчистување. За сега не даваат никакви други детали. Ќе излегле со информации во комплетирање на настанот.

Екс министерот Чавков е обвинет за настаните од крвавиот четврток во макеоднското Собрание што се случија пред една година на 27 април. Тој беше неколку месеци во притвор по што го пуштија со гаранција во недвижен имот во вредност од околу 600 илјади евра.

Обвинителството коешто го води случајот за упадот во Собранието вели дека нема надлежност за овој инцидент, бидејќи гаранцијата со којашто е пуштен од притвор се оденсува на тоа дека нема да ја напушта државата.

Го побаравме и адвокатот на екс министерот Чавков да даде коментар за целиот случај, но неговиот телефон не беше достапен.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ