Единствениот регионален пазар ќе донесе пониски цени на струјата за потрошувачите

Најмногу за една до две години стопанството и граѓаните во семјава можат да очекуваат поевтина електрична енергија, најави денеска вицепремиерот кочо Анѓушев, од Охрид, каде што се одржува форумот на преносните систем оператори од целиот регион, под мотото Границите да станат мостови, чии домаќин е МЕПСО. Но за тоа да се случи, државите мора да инвестираат во енергетските капацитети, но и да соработуваат меѓу себе. МГС Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Сега постојат неколку мали берзи на електрична енергија во регионот, кои не се функционални, и јас сум убеден дека со формирањето на една голема регионална берза ќе може многу да се подобри и снабдувањето, но и да се намалат цените на електричната енергија, рече Анѓушев.

Првите луѓе и менаџерите на регионалните оператори денеска се обврзаа дека ќе направат се за да формираат единствен пазар на електрична енергија, со цел потоа тој да се вклучи во паневропскиот пазар.

Сите делиме исти цели, а тоа е регионалното спојување, вели Јелена Матејиќ од Електромрежа на Србија.

„Нашите стратешки определби и приоритети се регионалното ширење, регионалното спојување, обединување на пазарот на електрична енергија. Србија во последните пет години направи многу на тој план. Пред две години формиравме берза на електрична енергија, сега одиме понатаму. Имаме исклучително добра соработка со Македонија, а денеска ќе разговараме за уште поконкретно реализирање на цените“, вели Матејиќ.

Премиерот Зоран Заев рече дека единствениот пазар на електрична енергија е најобар начин за зголемување на конкурентноста и транспарентноста меѓу сите учесници на пазарот, производители, снабдувачи и трговци, тоа ќе ги натера на нови вложувања и технолошки иновации, што, пак ќе значи конкурентни цени на струјата за потрошувачите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ