
Николовски нема одговор дали ќе ги укине маркичките
Министерството за земјоделие нема прецизен одговор дали ќе се укинат маркичките за брашното. Министерот Николовски тврди дека укинување на маркичките бараат истите мелничари кои барале тие да се воведат, но маркичките дециден е тој непотребно постојат. Трајно решение на проблемот се очекува да се најде до 30 јуни.
„Непотребно постојат, ги оптеретуваат и увозниците и производителите. До 30.06 ќе се најде трајно решение, кажа Љупчо Николовски мин. за земјоделие.
Мелничарите вчера се заканија дека нема да откупат ниту еден килограм пченицата од годинешната жетва ако не се врати во сила правилникот за увоз на српско брашно што подразбира контролата на брашното што се увезува да се прави во Македонија, а не во Србија.
Од министерството информираат дека изминативе недели при контроли на брашното биле изречени неколку парични казни и прекршочни пријави бидејки во промет е пуштено брашно без да се почекаат резултати од анализата.
Виолета З Стојановска