
ДКСК 2,5 месеци во АУТ – најавени нови законски измени
Претставници на Eвропската унија, експерти и владини претставници на странски држави и макeдонскиoт заменик- министер седнаа на иста маса и констатирaа дека во моментов Македонија има Државна комисија за спречување корупција која не функционира. Ќе се менуваат закони за поефикaсна и посамостојна комисија, но кога и како, надлежниот замeник за правда не одговри прецизно.
Најавите на Ристовски стасаа до ушите на генералниот секретар, единствениот претставник на антикорупционерите. 5 членови и претседателот пред 2,5 месеци побараа и добија оставки, откако влегоа во скандал за исплаќани средства за надоместоци.
Загрижувачка порака испрати претставникот од Европската делегација во Р.М. Јаромир Левичек кој повика итно да се екипира комисијата, да се реформира антикорупциското законодавство. Словенечкото искуство со јавно обвјаување на трошењето на сите буџетски средства на итнерент страница дало резултати, а Црна Гора од пред два месеци со формирање ново тело ја започнува бробата со корупцијата, беа дел од искуствата споелдени на денешната дебата.
Павле Беловски