
Заев – Рот: Прашањето за името да се реши годинава
Вистинската патека според германскиот министер за европски прашања се и реформи со учество со опозиција, но и брзо решение на спорот за името, тоа да се случи уште оваа година.
Пораката за името беше спакувана со серија пофалби, дека новата влада покажала бескомпромисен напор за трајни реформи кои треба да донесат владеење на право, успешна борба со корупција, вистински независно судство и слободни медиуми. Евро-атлантските амбиции според премиерот се комбинирани и со дијалог со соседите за сите прашања.
За да се уверат во скокот, Рот вети дека Германија одблиску ќе ги следи реформите во Македонија. Неколкупати порача дека во се мора да учествува и опозицијата, иако главната одговорност е на владата. А за статусот на СЈО различен став меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Според Германецот специјалното обвинителство била важно за враќањето на довербата во јавните институции, и мора да ги заврши истрагите за скандалите откриени со прислушувањето. За иднината на СЈО, Рот предлага компромисно решение – специјалното да стане дел од системот на државното обвинителство.
Германскиот министер се сретна и со опозицијата. Своето излагање Рот го заврши со пораката дека политичарите не треба да ги заборават младите генерации.
Миомир Серафиновиќ