
Со звукот на водата од протечениот судски климатизер „заплови“ Титаник
Микрофоните во новиот суд се расипаа. Така започна судењето за најголемиот предмет за изборни местенки Титаник, па буквално заплива во старата зграда на кривичниот суд. Таму протече климата па водата која течеше од неа се собираше во кофи. Иако технологијата беше на страната на 21 обвинет чии адвокати постојано се обидуваа да го одложат стартот, сепак судиите одлучија да го слушнат воведниот говор на обвинителката на СЈО, Лиле Стафанова. А во него како главен на злосторничкото здружување беше посочен екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
„Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска создале група со план за изборините циклуси во 2011, 2013 и 2014 година да влијаат врз незаконско собирање гласови во корист на својата партија. Останатите прифатиле и сите во тоа време носители на високи партиски функции и службени лица влијаеле врз слободата и волјата на граѓаните и делувале врз легитимитетот на изборите“, кажа Лиле Стефанова – СЈО
СЈО ова ќе го брани со илјадници прислушувани разговори и смс пораки, 200 сведоци, 6 илјади докази. За изборите во 2011 главни за финансиите биле Груевски и Протуѓер и 520 илјади евра обезбедени незаконски преку луѓе од партијата ги уплаќале како донации, истакна СЈО.
Изнајмиле опрема за рекламни материјали од три фирми Трансмет, Секјуриком и СИИВА кои не ги прикажале како донации. Во 2013 та и 14 та според СЈО за финансирање одговорни биле Илија Димовски и Ленко Ристовски па илјадници евра преку лажни донатори од кои некои воопшто не ни знаеле дека се впишани како донатори, уплатиле пари на жиро сметката на ВМРО ДПМНЕ.
За сите СЈО сега бара да им се конфискува имотот во вредност од 2 милјони евра колку што тежеле изборните сметки. Инаку уште Стефанова истакна дека се изработувале и списоци на сигурни гласачи, се испраќале упатства и известувања до вработени во државни институции како да гласаат а за понесигурните и како да го превиткаат ливчето.
Посебен дел е издвоен за локалните избори. Поранешната министерка Гордана Јанкуловска формирала параполициска група за изборите во Охрид а со дел од обвинетите делувал и Протуѓер. За гласачите од Пустец пак надлежни биле поранешниот заменик мин за правда Билјана Бришковска и градоначлникот Едмонд Темелко.
Тој им давал награда од 20 евра за секој што добил и лична карта и што гласал за вмро дпмне. Во центар после првиот круг екс мин за транспорт Миле Јанакиески побарал да бидат одземени избирачки списоци од изборниот материјал за потребите на партијата рече Стефанова.
Сите обвинети не се чувствуваат виновни. Нивната одбрана побара изземање на Катица Јанева поради нејзини изјави на телевизија, но ова беше одбиено од судот. Адвокатите велат дека ова е противуставно бидејќи судот не е тој кој треба да одлучува за изземањето.
Воведни говори адвокатите ќе кажат на 21 мај за кога е закажано следното рочиште.
Билјана Николовска