
Злоупотребени преку 50 мил. евра за амбасади
За купување на пет објекти за амбасади во Будимпшешта, Прага, Истанбул, Љубљана и Виена поранешната Влада од буџетот потрошила 50 милиони евра и уште милиони биле злоупотребени за двојни и тројни и реконструкции на истите згради. Министерството за надворешни работи се уште истражува колкава е точната сума на злоуотребени пари изминатите 10 години и се сомнева дека овие објекти се неколкукратно преплатени затоа што не се наоѓаат вообичаено во квартови со амбасади, туку во резиденцијални делови од градовите. Комисија на министерството утврдила дека се купувале материјали по највисоки цени, а се користеле најевтини. Најлоша е состојбата со амбасадата во Будимпешта.
„Втор пример е објектот во Будимпешта кој е во опасност да се урне бидејќи била направена неквалитетна доградба и се создало свлечиште. Македонија од 2010 година за резиденција и за амбасада до денес плаќа закупнина и покрај купен објект од милион и 70 илјади евра“, кажа Виктор Димовски, државен секретар во МНР.
Амбасадата во Прага е дивоградба бидејќи чешките власти утврдиле дека не е изградени според прописите, а раконструкцијата на амбасадата во Виена која била купена за 3,5 милиони евра чинела дури милион и пол евра.
Уште посомнително е што во повеќето договори доминира името на еден сопственик на фирми од босанско потекло, а во сите адвокатските услуги е вклучена адвокатската канцеларија „Д-р Фехер и партнери“ на адвокатот Ендре Фехер. Комисијата од МНР тогаш функционирала само формално.
“Постојат индиции дека кабинетот на поранешниот претседател на Владата и поранешниот генерален секретар на Владата постојано и во детали биле информирани за сите постапки. Врз основа на сето ова има индиции дека се направени сериозни нарушувања на постапките и процедурите за купување на објектите поради што се исплатени огромни суми со што е нанаесена директна штета од поголем обем на буџетот“.
По скандалот во Вашингтон кога амбасадорот Васко Наумовски не присуствуваше на средбите на министерката за одбрана Шеќеринска, Димовски одговори дека “должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји“.
Амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје, по што најверојано нема ни да се враѕи во Вашингтон бидејќи за 4 месеци му истекува мандатот.
Сања Васиќ