
Експресно е иселен Јован Попов, раководителот на Ѓавaто, кој боледуваше во канцеларија
Експресно е иселен Јован Попов, раководителот на Ѓавaто којшто неподвижен боледуваше и живееше во канцелариите на хидросистемот. Само неколкучаса по објавувањето на случајот на телевизија Телма, Попов со комби е изнесен од објектот. Ова за телевизијата го потврдија очевидци коишто тврдат дека Јован е изнесен за време на ноќната смена.
Вработените кои што ги затекнавме на смена во хидросистемот велат дека им олеснало што претпоставениот не е повеќе во канцеларијата, бидејќи биле исплашени за неговиот престој таму без соодветна нега и заштита. Роднини на Попов доаѓале да го псоетуваат но, тој имал потреба и од медицинска нега и соодветна хигиена што не било возможно во објектот на хидроситемот.
Од министерството за животна средина информираат дека по настанот со раководителот на хидросистемот Ѓавото – Дојранско Езеро во Богданци, министерството за животна средина и просторно планирање веднаш реагираше, постапувајќи согласно своите надлежности.Работниот простор е повторно приспособен на можностите и потребите на вработените.
Вчера Телма објави дека раководителот со години живее во канцелариите на хидросистемот Ѓавото, а веќе втор месец е неподвижен и просторијата е претворена во ординација, а за него се грижат претежно вработените, коишто се принудени да го негуваат, да му даваат лекови и дури да му менуваат катетер.
Раководителот вчера тврдеше дека има дозвола од министерството да престојува во канцеларијата, и дека тоа е неопходно за функционирањето на хидросистемот.
Сузана Мицева