
Продолжува увозот на сомнителни лекови
Додека измените на законот за увоз на парлалени лекови тапкаат во место низ собраниските комисии, пилули, инекции и други лекарства со недокажан квалтитет ги полнат македонските аптеки. На Агенцијатаа за лекови од прва до последна страница стои името на само една и единствена земја од која се узвезуваат, германски, дански, швајцарски лекови. Турција е мека за увозниците покажува листата на одобрени увози до март месец, реагираат од здружението на ретки болести.
Алексоска дошла до информација која до сега директорот на Агенцијата за лекови на ја потврдува ниту негира бидејќи на одговара на телефонските повици дека дури 11 барања за увоз на лекови за ретки болести се пристигнати и чекаат на одборување во Агенцијата.
Мината година медиумите покрена скандал дека лекови со непроверен квалитет проструиле низ клиниките. На декларацијата немало податок дали е почитувана пропишаната температура и дали имало прекин на ладниот ланец.
Здруженијата на пацинети, пак, обвинија дека добиваат неочекувани алергии. Јавното обвинителство отвори предмет на кој работи безмалку половина година.
Ставот на новоименуваниот министер Венко Филипче е дека само измените во законот можат да го гарантираат квалитетот на увезените лекарства. Тој кажа дека при увоз на лекови со паралелен увоз од увозникот ќе се бара да достави сертификат за квалитетот на лековите од производителот, како и уште еден сертификат за квалитет од референтна лабораторија од земјава и странство, притоа тврди Филипче, немало да се успори навремнито увоз на лекови. Законот го помина првото читање, но скоро два месеца чека понатамошна постапка.
Очекувањата на пратениците се измените да стапат на сила кон крајот на годината, период во кои ќе биде увезена и дистрибуирана огромна колична лекови по досегашните правила.
Павле Беловски