
МНР почна постапка за случајот со амбасадорот Наумовски
Министерот за надворешни работи Никола Димитров почнал постапка за расчистување на случајот со бојкотирањето на амбасадорот Васко Наумовски на вицепремиерката Радмила Шекеринска при посетата на САД, потврдуваат од МНР за „сакамдакажам.мк..
Во ТОМ ТЕМА на Ваша Страна на Телма, Шекеринска кажа дека при нејзината посета на САД, амбасадорот Наумовски не стапил во контакт со делегацијата, ниту пак изразил каков било интерес за посетата.
„Тоа е недозволиво за вака исклучително значајна посета, без разлика дали бил формално предвиден или не во нацрт – програмата на министерството за одбрана, велат од МНР. Во крајна линија, во случај на дилеми, амбасадорот требало телефонски да се консултира со министерството за надворешни работи и министерството за одбрана околу неговото учество во програмата. Од овие причини, во министерството за надворешни работи е во тек постапка за расчистување на случајот“, велат од МНР.
До амбасадата во Вашингтон на 10 април бил испратен и допис со детали за посетата и за предвидените средби. А амбасадорот само испратил претставник на амбасадата и тоа дипломат во својство на возач на едно од возилата за пречек и испраќање“, додаваат од министерството за надворешни работи.