
Силно невреме и пороен дожд низ цела Македонија
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот “Стража“, сообраќајот се одвива отежнато поради одрон на камења.
Од АМСАМ информираат дека од одронот е зафатена една коловозна лента кај Тајмишка раскрсница. Поради невремето скопските населби Лисиче, Ново лисиче и Аеродром синоќа останаа без струја. Снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако екипи на ЕВН го санираа дефектот на електричната мрежа што настана како последица на невремето што го зафати Скопје.
Дежурни екипи на ЈП „Водовод и канализација“ интервенираа со црпење вода од повеќе сообраќајници и подвозници, особено на локациите каде поројниците вообичаено се собираат, како булеварите Никола Карев и Србија. Во попладневните часови дежурните екипи на Водовод вода црпеa од подруми во Сингелиќ, Црешево и Драчево..
Екипи на противпожаната бригада на град Скопје вечерва интеревнираа на неколку локации во Скопје по дојави за поплавени сообраќајници и подрумски простории.
Синоптичарите најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи..