Средба Иванов – Заев за избор на нов гувернер на НБРМ

Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка, кој треба да биде заокружен на крајот на месеци, потврдија од кабинетот на премиерот.

Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција.

Заев рече дека за предлогот на Иванов се информирал од медиумите и оти немале повторна средба по одржаната во март кога шефот на државата му кажал со кого разговара и со кого имал намера да разговара.

Претходно Кабинетот на претседателот соопшти дека Иванов  повторно го предлага богов за гувернер на Народна банка по извршени консултации со надлежните институции.
Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај годинава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ