
45 отсто од Грците имаат разбирање за сложено име
Предуслов за решавање на прашањето е Поранешната Југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име, изјави денеска портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
Според последната анкета на прората за 45 отсто од грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија.
23% од анкетираните рекле дека „Перспективата за признавање на ПЈРМ со сложено име што ќе го содржи терминот Македонија им предизвикува бес за оние што прифаќаат такво нешто“, 14 отсто одговориле дека се срамат што се Грци, 13% се рамнодушни, додека пак пет проценти одбиле да одговорат.
Во истражувањето, на анкетираните им се поставува прашањето и за тоа кои се непријателските земји за Грција. Број еден непријател, за 87 отсто од испитаниците е Турција, а 45 проценти сметаат дека Македонија е непријателска кон јужниот сосед.