Иванов бара да се потврди европската перспектива на Западен Балкан

Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, закажан за 17-ти мај, ќе биде одлична можност, уште еднаш да се потврди европската перспектива за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан, бидејќи само на тој начин се гарантира мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, кој сè уште е подложен на безбедносни и геостратешки предизвици.

Иванов ова го кажа на средбата со неговиот бугарски колега, Румен Радев во Дојран.  претходно, Радев беше на бугарските воени гробишта во ново село, каде беше одбележан Денот на храброста и Денот на бугарската армија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ