
Љубомир Михајловски – Џанго избран за претседател на Адвокатската комора
Адвокатите го избраа Михајловски за нов претседател, а за негови заменици изгласани се Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Адвокатската комора на Македонија доби и нов Управен одбор.
Љубомир Михајловски е поранешен министер за внатрешни работи во периодот од 2004 до 2006 година, а на функцијата претседател на АКРМ доаѓа на местото на Никола Додевски, кој му беше адвокат на Никола Груевски во повеќе судски процеси.
На 63-тото годишно собрание кое се одржа во Струга присуствуваа 219 од предвидените 270 делегати.