Еко-акции за чистење во Струмица и Дојран

Еко акции за чистење во Југоистокот викендов спроведуваат општините и комуналните претпријатија. Струмичкиот градоначалник и советниците заедно со „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија кај село Костурино, којашто им ги боде очите на сите патници коишто патуваат по регионалниот пат Струмица – Валандово.„“

„Јас би сакал да најавам и наредни такви активности коишто ќе одат во тој правец – чистење на Струмица, чистење на дивите депонии, чистење на градот. Тоа сигурно е една опсежна и макотрпна апција, па јас би сакал да апелирам до сите наши сограѓани да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето“изјави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски

Се чистеше и во Дојран, а се уредуваа и зелените површини пред почетокот на туристичката сезона.

„Денес имаме акција за чистење на крајбрежјето на Дојранското езеро. Таа акција ја спроведуваме пред се заради подигање на свеста кај граѓаните за почиста и поубава животна средина. Мене ми претставува огромно задоволство и сакам да им се заблагодарам на сите присутни граѓани кои дадоа свој придонес во оваа акција“ истакна градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Акциите за чистење и уредување на животната средина ги организира Зелс на територијата на целата држава.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ