Коѕијас-Димитров, главните разлики се уставните измени и ерга омнес

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата Коѕијас рече дека се разгледувале комбинации што едната или другата страна би можела да ги прифати.

„Разлики уште има ова што вчера и денес го направивме испитувавме опциии комбинации што едната или другата страна би можеле да ги прифати. Тоа  е нашата задача. Треба за овие елементи да разговараме и дома и да видиме дали можеме поплодно да ја искористиме следната средба. Јас не би го употребувал зборот ќорсокак. Прашањето е многу комплексно, влогот е многу голем. Знаете дека главната разлика што е останате, не е тајна, е барањето врзано со опфатот на употреба“, изјави Никола Димиторв, министер за надворшени работи на Македонија.

Димиторв рече дека целта е да се најде решение прифатливо за двете страни кое нема да продуцира фрустрации.

Грчкиот министер Никос Коѕијас на прашањето дали е направен пробив околу прашањето за опсегот на употребата рече дека да било така тој сега ќе славел.

„Да се случеше тоа јас немаше да бидам тука, туку ќе правев забава. Сепак, планирам да направам забава“, рече Никос Коѕијас, министер за надвошрени работи на Грција.

Тој од своја страна рече дека решиле некои прашања, но оти уште остануваат да се решат и оти се разговарало за верзии на решенија и нивни можности.

„Мислам дека како што поминува времето тие веруваат дека е крајно време прашањето да се реши. Инвестиравме многу енергија во ова прашање и може многу да се добие. Преговорите не смеат да се гледаат на краток рок. Сите ние созреваме низ преговорите. Колку повеќе преговараат, толку повеќе сакаат да го решат прашањето. И се надевам нема никого да разочараме. Ние имавме храброст да направиме компромиси и тие мораат да соберат храброст да го направат последниот потег. Сметам дека тоа се луѓе со добра волја и дека сакаат да демонстрираат политичка волја. И сакам да бидам оптимист“, изјави Никос Коѕијас, министер за надвошрени работи на Грција.

Коѕијас меѓу другото рече дека би било штета по толку вложена енергија и напор од двете страни да нема резултат во надминување на спорот.

Димитров и Коѕијас информираа дека идната сабота ќе имаа нова рудна разговори под медијаторство на Метју Нимиц, но овојпат во Атина. На неа ќе и преходи уште една нивна билатерална средба во рамките на состанокот на Западниот Балкан со Вишеградската група во Сунио крај Атина идната недела.

За тоа дали зачестените средби меѓу министрите наскоро ќе доведе до средба на премиерите  на Македонија и Грција да разговараат за името Коѕијс рече дека тие ги информираат премиерите за разговорите и кога ќе дојде време за средба на повисоко ниво тоа ќе се случи. Но оти за тоа не решаваат министрите, туку претпоставените, кога ќе се случат неопходните чекори тие ќе можат да имаат средба.

Новата рунда разговори Димиторв – Коѕијас се одржа во рамки на регионалниот состанок на министрите за надворешни, внатрешни работи и транспорт и врски на Грцији, Македонија, Бугарија и Албанија на која билоразговарано за подобра прекугранична соработка, соработка  меѓу полциите, противпожарната заштита, но и попдобро желеничко, патно и телекомуникациско поврзување.

Димитров во Солун се сретна и со својата бугарска колешка Екатерина Захариева со која разговаралере, како што рече за некои конкретни прашања за тоа што може бугарското претседателство да ни помогне за амбицијата на Македонија за членство во ЕУ и конечно да има политичка одлука од Европската комисија за старт на пристапни преговори.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ