Македонија Пет часа се гледаат снимките од претепувањето на Села
Vо кривичниот суд околу пет часа се гледаат снимки од претепувањето на пратеникот Зијадин Села, на 27 Април во Собранието.
Објавена е клучната снимка за обидот за убиство на Села, на која се гледа како обвинетиот Кире Георгиевски со нога го удира по глава.
Во судот не се појавија премиерот Зоран Заев и пратеникот Влатко Ѓорчев. Заев писмено го известил судот дека нема да присуствува на расправата поради претходно испланирани работни обврски, а Ѓорчев ја вратил поканата со напомена дека изветувањето го примила куќната помошничка.



